Согласно Законот за енергетика, вршителите на регулираните енергетски дејности производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија се должни да обезбедат јавна услуга, а регулирањето на овие дејности е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. Вршителите на регулираните енергетски дејности, лоцирани на територијата на Град Скопје се:
-
Балкан Енерџи ГРУП АД Скопје
-
ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје (производство на топлинска енергија)
-
ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје (дистрибуција на топлинска енергија)
-
СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ - Скопје (снабдување со топлинска енергија)
-
Скопје Север АД Скопје (производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија)
-
АД ЕЛЕМ Подружница Енергетика (производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија).
Услугата за греење се плаќа врз основа на измерената испорачана енергија на влез на објектот. Регулацијата и отчитување на испорачаната енергија во секој објект се врши од централен диспечерски систем.
Приказ на системот за дистрибуција на топлинска енергија на Дистрибуција на топлина БЕГ ДООЕЛ Скопје