Советот на европските регулатори за енергетика (Council of European Energy Regulators - CEER)е основан во 2000 година со седиште во Брисел, Белгија, како асоцијација за соработка на независните регулатори за енергетика во Европа. Во овој Совет учествуваат 30 регулаторни тела како членови (28 од земјите членки на Европската унија, Исланд и Норвешка) и 2 регулаторни тела како набљудувачи (Швајцарија и Република Македонија). Советот на европските регулатори за енергетика се состои од Генерално собрание, Одбор на директори и 6 работни групи.
Регулаторната комисија за енергетика, со учеството во работата на Советот на европските регулатори за енергетика како набљудувач, се стекнува со искуство за имплементација на Третиот пакет на законодавството и предизвиците со кои се сретнуваат земјите членки на Евопската унија во создавањето на единствен, конкурентен, ефикасен и одржлив внатрешен пазар на енергија во Европската унија.