РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
Меѓународни активности
Регионална асоцијација на енергетските регулатори

Регионалната асоцијација на енергетските регулатори (Energy Regulators Regional Association - ERRA) со седиште во Будимпешта, Унгарија, претставува стручна асоцијација на регулаторни тела чија цел е унапредување на соработката, размена на искуства и зајакнување на капацитетите на регулаторните тела.  

Регулаторната комисија за енергетика е  полноправен член на оваа асоцијација и нејзини претставници се постојано се вклучени во работата на Комитетот за лиценци и конкуренција, Комитетот за тарифи и цени, како и во работните групи за потрошувачи и правна регулатива, а истовремено редовно се учествува и на Генералното собрание на ERRA, состаноци на Претседателството на ERRA и Годишната конференција на ERRA за инвестиции и регулација. Вработените во Регулаторната комисија за енергетика континуирано ги користат услугите на ERRA за професионална надградба и едукација преку учество во најразлични специјалистички курсеви од областа на регулацијата на енергетскиот сектор, регулација на пазарите на електрична енергија и природен гас, регулација на тарифи и цени, мониторинг на пазарите на енергија, регулација на електрична енергија од обновливи извори на енергија и др.

© 2024 РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА