Надлежности
Регулирање на дејностите
Надлежностите на Регулаторната комисија се стипулирани во член 11-е од Законот за енергетика. Согласно споменатиот член, Регулаторната комисија ги извршува следните задачи:
- се грижи за сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со енергија;
- се грижи за унапредување на конкурентен пазар на енергија;
- пропишува услови за снабдување со одделни видови енергија;
- пропишува методологија за формирање на цени на одделни видови енергија;
- пропишува тарифни системи за одделни видови енергија,
- донесува одлуки за цени на оддеелни видови енергија, согласно Методологијата за формирање на цени, тарифните системи на одделни видови енергија и другите законски прописи;
- ги издава, менува, одзема и го следи извршувањето на лиценците за вршење на одделни дејности од областа на енергетиката;
- пропишува правила за приклучување на енергетските мрежи;
- се грижи за унапредување на заштитата на правата на корисниците на енергија;
- покренува иницијатива за донесување на закони и други прописи од областа на енергетиката;
- учествува во разрешувањето на спорови и предлага мерки во врска со истите;
- доставува предлог до надлежните органи за превземање на мерки во согласност со нивната надлежност и во постапка пропишана со закон кон субјектите кои дејноста ја вршат спротивно на овој закон;
- донесува Деловник и други акти на Регулаторната комисија и
- врши други работи утврдени со Закон.
За извршувањето на работите од надлежност на Регулаторната комисија, државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и трговските друштва што ги вршат дејностите од областа на енергетиката се должни да и ги дадат потребните документи, податоци и информации на нејзино барање.
Документите, податоците и информациите кои имаат доверлив карактер Регулаторната комисија ги користи и чува на начин утврден со свој акт.