РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
Состав и структура на РКЕ
Претседател и членови

Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, согласно Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16, 53/16 и 189/16) и согласно Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и 96/2019), е составена од 7 члена, од кои еден е претседател.

Членовите и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на предлог на Владата на Република Северна Македонија ги именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија, имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници.

За член на Регулаторната комисија за енергетика може да биде именувано лице државјанин на Република Македонија, кое има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на електротехниката, машинството, технологијата, градежно инженерство-хидро, економијата или правото.

Функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспоива со извршување на друга јавна функција или функција во политичка партија или работно место. На членот на Регулаторната комисија за енергетика му престанува јавната функција или функцијата во политичка партија по сила на закон на денот на неговото именување. Доколку членот на Регулаторната комисија за енергетика пред именувањето бил во работен однос, работниот однос му мирува.

Мандатот на секој член на Регулаторната комисија изнесува пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два мандата.

 

СЕГАШЕН СОСТАВ на Регулаторната комисија за енергетика:

М-р Марко Бислимоски, магистер по електротехника, Претседател на РКЕ; 
Именуван за  претседател на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-3994/1 од 26.06.2018, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 118/18 и реизбран со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија бр. 08-3915/1 од 26.07.2023, објавена во Службен весник на РСМ бр. 160/23.

Лирим Сулејмани, дипломиран правник, Заменик претседател и член на РКЕ; 
Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-2408/1 од 18 мај 2021 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 110/21.

М-р Андријана Нелкова-Чучук, магистер по економски науки, член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија бр. 08-4703/1 од 27 август 2019 година, објавена во „Службен весник на РСМ“  бр. 178/19.

М-р Андреј Тасев, магистер по економија и дипломиран машински инженер, член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-2225/1 од 5 мај 2021 година, објавена во „Службен весник на РСМ“  бр. 101/21.

М-р Александар Чеботарев, магистер по електротехника и информациски технологии, член на РКЕ; 

Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-3915/1 од 26 јули 2023 година, објавена во „Службен весник на РСМ“  бр. 160/23.

Фатон Амбари, дипломиран економист, член на РКЕ; 

Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-3915/1 од 26 јули 2023 година, објавена во „Службен весник на РСМ“  бр. 160/23.

М-р Мерита Дема, магистер по електротехника и информациски технологии, член на РКЕ; 

Именувана за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-3915/1 од 26 јули 2023 година, објавена во „Службен весник на РСМ“  бр. 160/23.

 

ПРЕТХОДЕН СОСТАВ на Регулаторната комисија за енергетика:

Славе Ивановски, дипломиран правник, Претседател и член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија од 23 јули 2003 година, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 50/03, е именуван за претседател на Регулаторната Комисија за енергетика.

Димитар Петров, дипломиран електротехнички инженер, Претседател и член на РКЕ; Именуван за претседател на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-2694/1 од 15 јуни 2009 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/09 и реизбран за претседател на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.08 - 5079/1 од 02.11.2015, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 190/15.

М-р Радомир Цветковиќ, дипломиран инжинер технолог, член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија од 23 јули 2003 година, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 50/03, е именуван за член на Регулаторната Комисија за енергетика.

Мурат Рамадани, дипломиран економист, член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија од 23 јули 2003  година, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 50/03, е именуван за член на Регулаторната Комисија за енергетика.

Бранко Брајковски, дипломиран машински инженер, член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 3863/1, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 66/04, мандатот на Бранко Брајковски е продолжен за пет години.

Владко Гаврилов - In Memoriam, дипломиран електро инженер, член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 3296/1 од 13.09.2005 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 77/2005, е именуван за член на Регулаторната комисија за енергетика.

М-р Рухи Бакију - In Memoriam, дипломиран правик, Заменик претседател и член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.

М-р Елена Маркова-Велинова, дипломиран електротехнички инженер, член на РКЕ; 
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 758/1 од 7 февруари 2011 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр.15/2011.

м-р Дејан Бошковски, дипломиран машински инженер, член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-4452/1 од 17 октомври 2016 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 190/16.

Видан Кулевски, дипломиран електротехнички инженер, член на РКЕИменуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 4768/1 од 16 ноември 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 138/09 и реизбран за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.08 - 5079/1 од 02.11.2015, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 190/15.

Светлана Јаневска, дипломиран економист, член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1057/1 од 29.02.2008, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 32/08 и реизбрана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1067/1 од 19.02.2014, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 37/14.

Панче Орцев, дипломиран инженер технолог, член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-4848/1 од 25 декември 2017 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 190/17.

М-р Куштрим Рамадани, дипломиран машински инженер, Заменик претседател и член на РКЕ; 
Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-5245/1 од 24 декември 2012 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 166/2012 и реизбран за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.08 - 3994/1 од 26.06.2018, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 118/18.

Енвер Ељмази, дипломиран правник, член на РКЕ; Заменик претседател и член на РКЕ; 
Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-4452/1 од 17 октомври 2016 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 190/16.

М-р Наташа Вељановска, магистер по електротехника, член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-3994/1 од 26 јуни 2018 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 118/18.

Д-р Атанаско Тунески, доктор на технички науки, член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-3994/1 од 26 јуни 2018 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 118/18.

© 2022 Регулаторна комисија за енергетикаи водни услуги на Република Северна Македонија