РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
Сектор - Нафта и нафтени деривaти
НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

СОСТОЈБА НА ПАЗАРОТ НА НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

Пазарот со нафта и нафтени деривати во Република Северна Македонија, покрај тоа што е уреден со Законот за енергетика, е уреден и со следните закони: Законот за трговија, Законот за заштита на конкуренцијата, Законот за царините, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за акцизите, и Законот за пазарна инспекција. Покрај овие закони, пазарот со нафта и нафтени деривати е уреден и со Правилникот за квалитет на течните горива, Техничките прописи (складирање и транспорт на нафтените деривати, стандарди и сл.), како и со ратификуваните меѓународни договори: Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, Договорот за енергетска повелба и Договорот за основање на Енергетска заедница. Исто така, врз односите во овој пазар влијае и пристапувањето на нашата земја во Светската трговска организација.

 

Учесници на пазарот

Согласно Законот за енергетика, дејности од областа на суровата нафта, нафтените деривати, биогоривата и горивата за транспорт, се:

  • преработка на сурова нафта и производство на нафтени деривати;

  • производство на биогорива;

  • производство на горива наменети за транспорт со намешување на фосилни и биогорива;

  • транспорт на сурова нафта преку нафтоводи,

  • транспорт на нафтени деривати преку продуктоводи и

  • трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.

​​

Наведените дејности можат да ги вршат домашни и странски лица врз основа на издадени лиценци од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Во рамките на овој сектор се врши:

  • увоз и извоз на сурова нафта и нафтени продукти,

  • транспорт на сурова нафта низ нафтовод,

  • преработка на суровата нафта,

  • производство на биогориво,

  • дистрибуција и продажба на нафтените продукти.

 

Релациите помеѓу учесниците на пазарот се прикажани на следната слика подолу.

Графички приказ на пазарот на нафта и нафтени деривати во државата

Diagram_za_nafta.png

Графички приказ на пазарот на нафта и нафтени деривати во државата

© 2024 РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА