РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
Заштеда на енергија
Како да заштедите енергија?

Корисни совети

Променете ги старите сијалички со штедливи LED светилки.

Со изолација на пукнатини, празнини и места каде протекува, може да заштедите до 10% на трошоците за греење и ладење.

Редовно чистете ги или заменете ги филтрите во вашиот систем за ладење/греење. Валканите филтри ја отежнуваат работата на вашиот систем и тоа доведува до непотребно зголемување на потрошувачката на електрична енергија.

Ако и кога е можно, перете ја облеката во ладна вода.

За да бидете сигурни дека вашиот фрижидер и/или замрзнувач работат ефикасно, одмрзнете ги пред дебелината на мразот да се издигне на 0,5 cm.

За време на летните месеци, наутро, спуштајте ги ролетни во вашиот дом. Oсобено тие што се наоѓаат на јужната страна. Тоа ќе помогне да се одржи температурата во вашиот дом и да се намали работата на клима уредот.

Во поладните месеци ролетните треба да бидат отворени за да може сончевата енергија слободно да влегува внатре и да го догрева вашиот дом.

Користете природно светло кога е можно.

Не го оставајте компјутерот вклучен во текот на целиот ден. Вклучете ги компјутерот, мониторот, печатачот и факсот само кога ви се потребни.

Фрижидерите и замрзнувачите функционираат најефикасно кога се полни. Затоа чувајте го вашиот фрижидер и замрзнувач што е можно по полн. Но, бидете внимателни околу преполнувањето, затоа што тоа ќе го намали струењето на воздухот и ќе го отежне работењето на апаратот.

Користете ги машините за миење садови и перење алишта после 22.00 часот.

Поставете ја температурата на ладилникот според препораката од производителот за да се избегне прекумерно ладење и губење на енергија.

Не оставајте ги вклучени вентилаторите во купатило или кујна подолго отколку што е потребно.

Доколку сте во можност и имате потреба, заменете ги старите прозорци со нови енергетско ефикасни прозорци со двослојно или трослојно емисионо стакло. Ќе ја подобрите изолацијата за 30 до 40%.

Исклучете ги светлата кога немате потреба од нив. Во просек, околу 12% од потрошената електрична енергија во едно домаќинство е за осветлување на домот.

Не оставајте го вашиот мобилен телефон вклучен во текот на ноќта. Потребни се само неколку часа за полнење.

Исклучете ја рерната неколку минути пред да истече времето за готвење. Вашата храна ќе продолжи да се готви без користење на дополнителна електрична енергија.

© 2022 Регулаторна комисија за енергетикаи водни услуги на Република Северна Македонија