РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
Спорови
Одлучување по спорови

Правила за постапување по приговори и за разрешување на спорови

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија одлучува по:

  • спорови покренати од корисниците на системите или учесниците на пазарите против соодветните носители на лиценци во врска со вршењето на регулираните енергетски дејности (согласно член 4 од Законот за енергетика, службен весник на РМ бр.16/11 и 136/11);
  • споровите во врска со примената на пропишаните услови, методологии или тарифи за приклучување, пристап, урамнотежување и користење на соодветните системи или пазари и доделување на соодветните интерконективни капацитети, кога барањето за интерконективен капацитет е одбиено од оператор на преносен систем од Република Македонија;
  • спорови во врска со висината на оправданите надоместоци за трошоците настанати во постапката, кога до истата е поднесена жалба или барање за одлучување по спор.

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија поведува постапка за одлучување по горенаведените спорови, кога до истата е поднесена жалба. Жалбата може да се изјави во случаи, кога тоа е определено со Закон. Најчесто поднесените жалби се однесуваат на приклучување на дистрибутивните мрежи (електродистрибутивна, топлинска, природен гас), односно жалби во врска со приклучување на електродистрибутивната мрежа.

Постапката за одлучување по спорови се води и во случај кога странката до Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги ќе достави барање за одлучување по горенаведените спорови.

За одлучување по споровите Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесува одлуки против кои незадоволната страна може да поднесе тужба пред надлежен суд.

© 2024 РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА