РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
ПОТРОШУВАЧИ
Права

Клучни права на потрошувачите

Во договорот за снабдување не смеат да бидат содржани нечесни услови, односно одредби со кои се предизвикува значителна нерамнотежа во правата и обврските помеѓу договорните страни, а кои можат да бидат на штета на потрошувачите

Како нечесни одредби се сметаат особено одредбите кои доведуваат до: 

  1. привремен прекин во снабдувањето или раскинување на договорот за снабдување, доколку потрошувачот сторил повреда на одредбите на некој друг договор склучен со снабдувачот или со друштво поврзано со снабдувачот
  2. одбегнување или ограничување на исполнувањето на договорните услуги, на штета на потрошувачот
  3. оневозможување на користење на договорени бонуси и попусти со условување на потрошувачот да го продолжи договорот по истекот на рокот за кој е склучен
  4. наплата на услуги кои снабдувачот ги нуди, а кои не се договорени или побарани од страна на потрошувачот

Понатаму, потрошувачот има право:

  1. да отстапи од договорот врз основа на информација од снабдувачот за промена на договорните услови,
  2. на повеќе можни начини за доставување на фактурите без дополнителен трошок,
  3. да биде информиран за секоја промена на крајната цена што ја плаќа, настаната поради промена на цените на електричната енергија или тарифите за регулираните енергетски дејности содржани во цената,
  4. на јасна и прецизна информација за измерените количини на електрична енергија во фактурата, на начин разбирлив и достапен за него,
  5. на избор на повеќе начини на плаќање, за коишто треба да бидат прикажани и трошоците на потрошувачот за спроведување на избраниот начин на плаќање,
  6. на недискриминаторен третман од страна на снабдувачот, доколку живее во оддалечено подрачје,
  7. на редовни и точни известувања за реалната потрошувачка и трошоците за електрична енергија, што му овозможуваат управување со својата потрошувачка,
  8. на промена на снабдувач на транспарентен и недискриминаторен начин, без трошоци и во рок не подолг од три недели од денот кога доставил барање за промена на снабдувач до новиот снабдувач,
  9. при секоја промена на снабдувач да добие завршна фактура заради конечно затворање на сметката во рок од шест недели од настанувањето на промената на снабдувачот,
  10. по неговите барања, претставки и приговори да биде ефикасно постапено од страна на снабдувачот и за преземените мерки да добие писмено образложение.

Пред склучувањето на договорот, секој снабдувач навремено треба да му обезбеди на потрошувачот примерок од потсетник за потрошувачите, кој содржи практични информации за правата на потрошувачите презентирани на јасен и недвосмислен начин којшто нема да предизвикуваат забуна кај потрошувачот и нема да го доведат во заблуда при изборот да склучи, или да го раскине или продолжи постоечкиот договор за снабдување.

© 2022 Регулаторна комисија за енергетикаи водни услуги на Република Северна Македонија