РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
ПОТРОШУВАЧИ
Кој ме штити?

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги

РКЕ има законски надлежности да постапува и одлучува по приговорите поднесени од:

1. Корисниците на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија:

  • против актите на соодветните оператори со кои се одбива пристапот или приклучувањето на соодветниот систем или против актите со кои се утврдува износот на надоместокот и другите услови за приклучувањето или
  • поради штети настанати поради ограничување или прекин на испораката на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија, од и во системите за пренос или дистрибуција на електрична енергија или природен гас.

2. Потрошувачите против снабдувачите кои имаат обврска за обезбедување на јавна или универзална услуга, како и против снабдувачите во краен случај во врска со:

  • квалитетот на услугата во снабдувањето,
  • ограничувањето или оневозможувањето на правото за промена на снабдувач,
  • пресметката на потрошената енергија и износот на сметката,

РКЕ одлучува по овие приговори само во случај кога подносителот на приговорот ги искористил сите средства за остварување на своето право низ постапките воспоставени од вршителите на енергетската дејност. Во постапката за одлучување соодветно се применува Законот за општата управна постапка.

Одлуките на РКЕ донесени во овие постапки се конечни и против нив може да се поведе управен спор.

Дополнително, РКЕ одлучува во постапка за разрешување на спорови настанати од извршување на договорите помеѓу вршители на енергетски дејности, вршители на енергетски дејности и потрошувачи, како и операторите на системи за пренос и дистрибуција и корисниците на тие системи, кога за тоа се договориле договорните страни.

Секоја страна во спорот може, пред донесувањето на одлуката на РКЕ, да се откаже од постапката и да побара спорот да се решава на друг начин.

Одлуките донесени во постапките за разрешување на спорови се сметаат за правосилни. 

© 2024 РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА