РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Контакт Newsletter
ПОТРОШУВАЧИ
Обврски

Клучни обврски на потрошувачите

Потрошувачот е должен да се придржува кон обврските утврдени во Законот за енергетика, другите закони и прописи, Правилата за снабдување и договорот за снабдување, а особено:

  1. навремено и во целост да ги плаќа фактурите издадени од снабдувачот на начин утврден во договорот за снабдување
  2. да го извести снабдувачот за одлуката да го продолжи или да го престане постојниот договор за снабдување
  3. да му ги обезбеди на снабдувачот своите податоци за контакт (име и презиме/назив на корисникот, адреса/седиште, матичен/даночен број, број на документ за идентификација, телефон, факс, е-пошта) и во рок од 30 дена да го извести за настанатата промена на податоците
  4. да го извести снабдувачот за одлуката за промена на снабдувач
  5. да ги почитува условите за пристап и користење на системот на кој што е приклучен утврдени во договорот за приклучување и користење на системот и соодветните мрежни правила
  6. да не го попречува снабдувањето на други потрошувачи
  7. да не го оштетува или на друг начин да го манипулира мерниот уред и
  8. да дозволи пристап на својот имот на овластени лица на операторите и/или на снабдувачот заради остварување на нивните права и обврски утврдени со Законот за енергетика, мрежните правила и Правилата за снабдување.

Потрошувачот, веднаш го известува снабдувачот ако воочи:

  • оштетување на мерната опрема од мерните места;
  • неправилно функционирање на мерната опрема;
  • кражба на мерната, или на останатата опрема;
  • отстранување или оштетување на пломбата и
  • оштетување на мерните ормани

Потрошувачот е одговорен за оштетување или за кражба на мерен уред и/или на останатата мерна опрема, за отстранување на пломби или за оштетување на мерниот орман, ако се вградени на неговиот имот и ги поднесува трошоците за набавка, замена или поправка на мерната опрема.

Општите услови и начинот на снабдување со електрична енергија, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачите, универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај, потрошувачите на електрична енергија, операторот на електропреносниот систем, операторите на електродистрибутивните системи и операторите на затворените системи за дистрибуција се уредени во Правилата за снабдување со електрична енергија („Службен весник на Република Македонија бр.172/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.138/19 и 159/22), кои можете да ги најдете на следните линкови подолу:

ПРАВИЛА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 

ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

додека пак подеталните правила за условите и начинот на користење и пристап на дистрибутивниот систем се пропишани во Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.191/19, 101/22), кои можете да ги најдете на следните линкови:

МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 191/2019  

МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА МРЕЖНИТЕ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 101/2022

-  МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА МРЕЖНИТЕ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 68/2024

-  МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА МРЕЖНИТЕ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 106/2025

© 2024 РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА