Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија:РКЕ), со седиште на ул. Македонија 25, Скопје, Република Северна Македонија.
РКЕ е регулаторно независно тело, основана е во 2003 година како правно лице кое регулира прашања поврзани со вршењето на енергетските и водни дејности определени со закон.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата интернет страна www.erc.org.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб - страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња. (линк).
- Физички лица во врска со Модулот за поставување прашање и Модулот за регистрирање за добивање Newsletter. Овие модули содржат информации за идентитетот (Име и презиме и email) на подносителот на прашањето и лични податоци на други лица вклучени во прашањето кои се потребни за постапување согласно нашите овластувања наведени во Законот за енергетика. Во секој случај, овие податоци кои се бараат имаат ограничен обем (како на пример име и презиме и email) и се тесно поврзани со професионалните активности на контролорот.
- Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на РКЕ;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб - страна.
- Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб - страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, издавање на лиценци, одлуки и одобренија (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на енергетските и водни услуги, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и иницијативи за спроведување на инспекција или барање/прашање на било која друга административна услуга од РКЕ.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, email. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на поднесени барањата и/или иницијативите кои пристигнале до РКЕ, во форма која не открива нечиј идентитет.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и Модулот за поставување прашање и Модулот за регистрирање за добивање Newsletter;
- преку нашиот email: erc@erc.org.mk
- преку пошта,
- по факс,
- усмено
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во РКЕ, кое го составило записникот и заведено во архивата на РКЕ.
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на РКЕ, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- По барање на суд, полиција, Агенција за заштита на личните податоци-АЗЛП или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на РКЕ.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Марко Филиповски на следниов e-mail: marko.filipovski@erc.org.mk.
Право на поднесување на барање до Агенција за заштита на личните податоци-АЗЛП
Ако сметате дека начинот на кој РКЕ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Барањето може да се поднесе на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.