РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
AL
EN
СОРАБОТКА СО ERRA

Во текот на 2004 година, Регулаторната комисија беше примена за полноправен член во Регионалната асоцијација на енергетски регулатори (ERRA).  Регионалната асоцијација на енергетски регулатори (ERRA) е асоцијација  на независни енергетски регулаторни тела на земјите од централна и источна Европа чиешто членство е засновано на волонтерска основа. Главните цели на асоцијацијата е да ја зголеми размената на информации и искуства помеѓу членовите и да го рашири пристапот од искуството од енергетската регулација насекаде во светот. Согласно уставот на Регионалната асоцијација на енергетски регулатори (ERRA) главни цели на асоцијацијата се

  • да се подобри енергетската регулација во земјите членки;
  • да се грижи за развој ба стабилна енергетска регулација преку автономни и независни регулаторни тела;
  • да ја зголеми соработката помеѓу енергетските регулаторни тела;
  • да ја зголеми комуникацијата, размената на информации, искуства и истражувањата  помеѓу земјите - членки;
  • да се обезбеди пристап до информациите во врска со енергетската регулација насекаде во светот; и
  • да се обезбеди тренинг, обука и градење на професионален капацитет  на  вработените во регулаторните тела на земјите - членки.

Во согласност со утврдениот годишен план на активности на Регионалната асоцијација на енергетски регулатори (ERRA), Регулаторната комисија учествува со свои претставници во работните групи и комитети на асоцијацијата.