СОРАБОТКА СО USAID/NARUC

Во рамките на соработката со Американската агенција за меѓународен развој (USAID) и Националната асоцијација на енергетски регулатори од САД  (NARUC), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија оствари повеќе средби и состаноци во текот на 2004 и 2005 година. На тој начин. под покровителство на USAID и NARUC, Регулаторната комисија оствари: 

  • партнерство помеѓу Регулаторната комисија и Одборот за јавни услуги од Вермонт, САД,  и оствари соработка со Националното здружение на економски истражувачи (NERA) за тарифната методологија;
  • соработка со Пирс Атвуд за начинот, условите и постапката за издавање на лиценци.

Соработка со Одборот за јавни услуги од Вермонт, САД

Програмата за партнерство помеѓу Регулаторната комисија и Одборот за јавни услуги од Вермонт, САД се склучи на Март 2004 година. Со програмата за партнерство се предвидува да се разменуваат искуства и знаења стекнати од страна на двете регулаторни тела. Во рамките на програмата за партнерство се предвидени остварување на билатерални состаноци и посети на претставници на двете регулаторни комисии во Република Македонија и во Вермонт, САД. Досега се реализирани четири работни состаноци на највисоко ниво и тоа:

На состаноците со Регулаторната комисија и Одборот за јавни услуги се дискутираше за:

  • работата и надлежностите на регулаторните тела;
  • организационата структура на регулаторните тела;
  • односите помеѓу регулаторните тела а и државните органи од законодавната и  извршната власт;
  • структурата и функционирањето на пазарот за енергија;
  • процесот на донесување на одлуки.
  • заштита на потрошувачите и механизми за регулирање на квалитетот на услугите;
  • одговорности на енергетските претпријатија (пристап до мрежата, приклучување, договор за снабдување, итн)
  • обврска за обезбедување на јавни услуги;
  • заштита на ранливите потрошувачи;
  • обезбедување на јавност и транспарентност  во работењето на регулаторните тела;
  • достапност до информациите за јавноста;
  • соработка со здруженијата на потрошувачи и медиумите;
  • постапување по жалби од потрошувачите;
  • начин на формирање и регулирање на цените и тарифите за испорачаната енергија
  • трошоци на услугите (елементи, фактори,, итн)
  •  односи со јавноста.

За време на посетата на гостите од Вермонт се потпиша и Меморандум за разбирање со кое се востановува програмата за партнерство и поблиската соработка помеѓу Регулаторната комисија, Одборот за јавни услуги и NARUC. Меморандумот за разбирање се потпиша во присуство на почесниот и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Г-дин Лоренс Батлер.

Соработката со Националното здружение на економски истражувачи (NERA)

Соработката со Националното здружение на економски истражувачи (NERA) за тарифната методологија се оствари во текот на месец Октомври 2004 година во канцелариите на Регулаторната комисија. Соработката со Националното здружение на економски истражувачи се оствари во период кога Регулаторната комисија забрзано работеше на изготвувањето на Правилникот за начинот и условите за регулирање на цените на електричната енергија, Службен весник на Република Македонија бр. 95 - 2004. На тој начин, знаењата и искуствата коишто беа презентирани на средбата се применија соодветно во Правилникот за начинот и условите за регулирање на цените на електричната енергија кој што Регулаторната комисија ќе го применува при формирањето на цената на електричната енергија.

На средбата беа дискутирани повеќе опции и модели за тарифната методологија и  начинот на регулирање на цената на електричната енергија. Во овој контекст беше разгледувано:

  • преглед на тарифната методологија (функционални и маргинални трошоци на услугата, дизајнирањето на стапките)
  • методи за определување на тарифите (фиксирање на цена, индексирање, реперирање);
  • прибирање на податоци (изготвување на сметки, тарифни елементи, пресметување на фиксни надоместоци)
  • анализа на маргиналните трошоци (маргиналните трошоци за производство, пренос и дистрибуција);
  • алтернативни модели за определување на цени;
  • меѓугранична трговија со примери од ЕУ
  • регулирање на електростопанствата во земјите во транзиција;
  • транспарентност при регулирањето на цените и определувањето на тарифите

Соработката со Пирс Атвуд

Соработката со Пирс Атвуд за начинот, условите и постапката за издавање на лиценци остварен во текот на Февруари 2005 година. На работниот состанок се разгледува искуствата на земјите од регионот за условите за издавање на лиценци, која е една од примарните дејности на Регулаторната комисија. Состанокот имаше за цел да го анализира изготвениот материјал на Регулаторната комисија во врска со начинот, условите и постапката за издавање на лиценци.