СОРАБОТКА СО ЕУ/ЕАР

Проектот за развој на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија  започна да се спроведува веднаш по основањето на Регулаторната комисија. Проектот беше финансиран од страна на Европската Унија преку Европската агенција за реконструкција. За изведувач на консултантските работи беше избран конзорциумот Енерџиконсалтинг од Хајделберг, Република Германија и ИКРП Рокас и партнери од Атина, Република Грција. Програмските задачи на проектот беше да се изготви:

  • Детален дизајн за поставеноста и работата на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија (РКЕ);
  • Анализа на усогласеноста на македонското законодавство од областа на енергетиката со законодавството на ЕУ;
  • Правила и  процедури за регулирање на енергетскиот сектор;
  • Нацрт - модели за лиценци и одобренија;
  • Методологија за следење на придржувањето кон условите на лиценците;
  • Методологија за регулирање на цените на енергијата; и
  • Предлог препораки за начинот на градење на професионалните капацитети на Регулаторната комисија (оперативни единици, кадровско екипирање, финансирање, инфраструктура, итн).