ОДГОВОРНОСТ НА РКЕ

Претседателот на Регулаторната комисија е должен, најдоцна до 31 март во тековната година да достави годишен извештај за работа на Регулаторната комисија за претходната година до Владата на Република Македонија и до Собранието на Република Македонија. Во годишниот извештај се содржани и податоци за  материјално - финансиско работење на Регулаторната комисија. Годишниот извештај  за работа на Регулаторната комисија се објавува во едно од јавните гласила.

На барање на Владата на Република Македонија и министерот надлежен за работите на енергетиката, Регулаторната комисија доставува и други потребни извештаи и информации од областа на своето работење.