ФИНАНСИРАЊЕ НА РКЕ

Работењето на Регулаторната комисија се финансира од сопствени извори на средства обезбедени преку наплата на надомест од вкупниот приход на друштвата што вршат енергетска дејност и од наплата за издадените лиценци. Регулаторната комисија е должна најдоцна до 1 октомври од тековната година, до Собранието на Република Македонија да поднесе предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за наредната година за усвојување, во кој се содржани сите приходи и трошоци на Регулаторната комисија, вклучувајќи ги и платите на членовите на Регулаторната комисија и на вработените, како и надомест за членовите на Комисијата за жалби и нивните заменици.

Во рамките на предлогот на финансискиот план, а врз основа на планираните приходи за тековната година на друштвата кои вршат енергетска дејност, Регулаторната комисија го утврдува надоместокот за наредната година преку определување на ист процент на зафаќање од остварениот вкупен приход на друштвата, на кој дава согласност Собранието на Република Македонија и кој не може да изнесува повеќе од 0,1 % од вкупниот приход на друштвата.

Надоместокот согласно со утврдениот  процент и остварениот приход во претходната година, друштвото кое врши енергетска дејност го уплатува на сметка на Регулаторната комисија во два подеднакви дела и тоа првиот дел најдоцна до 30 април, а вториот дел најдоцна до 30 септември во тековната година. Неискористените средства на Регулаторната комисија од претходната година се пренесуваат за користење во наредната година и соодветно на тоа се намалува надоместот.