Организациона поставеност

Регулаторната комисија е составена од  претседател и членови на комисија кои се избрани функционери од страна на Собранието на Република Македонија и Служба за вршење на стручни и административни работи. Внатрешната организација и систематизација на работните места и задачи е утврдена со посебен правилник од страна на Регулаторната комисија. Во Правилникот за внатрешната организација и систематизација на работните места и задачи на Регулаторната комисија се утврдени организационите единици, повремени и постојани работни  групи, како и вкупниот број на извршители по сектори и служби. На тој начин, организирањето на вршењето на стручните и административно-техничките работи во Регулаторна комисија се организираат во:

  • сектори и служби како постојани организациони единици и 
  • повремени работни групи за извршување на пооделни специфични работи и задачи од надлежност на Регулаторна комисија што бараат мултисекторски пристап.

Според Правилникот, Организациони единици за вршење на стручните работи за потребите на Регулаторна комисија се: 

  • сектор за техничко-енергетски работи од областа на електрична енергија,
  • сектор за техничко-енергетски работи од областа на природен гас, течни горива, топлинска и геотермална енергија,
  • сектор за економски работи;
  • сектор за правни работи;
  • сектор за мониторинг на енергетските пазари;
  • сектор за административни, финансиски и општи работи и
  • сектор за информатичка технологија и статистика.

Со работата на одделните сектори, раководи раководител на сектор, а со работата на службата раководи раководител на служба.  Ракводителот на секторот односно раководителот на службата се грижи за организирање и извршување на работите во секторот односно службата и за својата работа е одговорен пред Регулаторна комисија.

СЕКТОР ЗА ТЕХНИЧКО-ЕНЕРГЕТСКИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Секторот за техничко-енергетски работи од областа на електрична енергија за потребите на Регулаторната комисија за енергетика ги врши следните работи:

  • го следи функционирањето на пазарот на електрична енергија;
  • се грижи за унапредување на заштитата на правата на корисниците на електрична енергија;
  • учествува во изготвување на прописи, одлуки за цени и издавање на лиценци од областа на електрична енергија;
  • го следи исполнувањето на обврските по издадените лиценци од областа на електрична енергија;
  • учествува  и дава предлози во разрешувањето на настанати спорови помегу давателите на услугите и корисниците од областа на  електрична енергија;
  • соработува со надлежни државни органи, органи на единици на локална самоуправа, трговски друштва вршители на енергетски дејности и корисниците на услугите од областа на електрична енергија и
  • учествува во соодветни работни групи кои припаѓаат на регионални и меѓународни организации.

СЕКТОР ЗА ТЕХНИЧКО-ЕНЕРГЕТСКИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА ПРИРОДЕН ГАС, ТЕЧНИ ГОРИВА, ТОПЛИНСКА И ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА

Секторот за техничко-енергетски работи од областа на природен гас, течни горива, топлинска и  геотермална енергија за потребите на Регулаторната комисија за енергетика ги врши следните работи:

  • го следи функционирањето на пазарот на природен гас, течни горива, топлинска и  геотермална енергија;
  • се грижи за унапредување на заштитата на правата на корисниците на природен гас, течни горива, топлинска и  геотермална енергија;
  • учествува во изготвување на прописи, одлуки за цени и издавање на лиценци од областа на природен гас, течни горива, топлинска и  геотермална енергија;
  • го следи исполнувањето на обврските по издадените лиценци од областа на природен гас, течни горива, топлинска и  геотермална енергија;
  • учествува  и дава предлози во разрешувањето на настанати спорови помегу давателите на услугите и корисниците од областа на  природен гас, течни горива, топлинска и  геотермална енергија;
  • соработува со надлежни државни органи, органи на единици на локална самоуправа, трговски друштва вршители на енергетски дејности и корисниците на услугите од областа на природен гас, течни горива, топлинска и  геотермална енергија и
  • учествува во соодветни работни групи кои припаѓаат на регионални и меѓународни организации.

СЕКТОР ЗА ЕКОНОМСКИ РАБОТИ

Секторот за економски работи за потребите на Регулаторната комисија за енергетика ги врши следните работи:

  • ги следи состојбите на енергетските пазари на ниво на Република Македонија и на меѓународно ниво;
  • врши анализа на економските состојби во енергетските дејности;
  • ја проучува финансиската состојба на енергетските субјекти;
  • учествува во изготвување и одобрување на прописи и правила;
  • учествува во изготвување на одлуки за тарифи, цени и издавање на лиценци;
  • ја следи состојбата со движењето на цените на енергиите, примената на методологиите и тарифните системи за формирање на тарифи и цени на одделни видови енергија;
  • се грижи за заштита и унапредување на правата на потрошувачите на енергија и енергенти и корисниците на енергетските системи;
  • предлага мерки за поттикнување на конкуренцијата во енергетските пазари;
  • ги анализира барањата за промени на тарифи и цени доставени од одделни енергетски субјекти;
  • соработува со надлежни државни органи, органи на единици на локална самоуправа, вршителите на енергетски дејности, корисниците на енергија и други организации и институции;
  • учествува во соодветни работни групи кои припаѓаат на регионални и меѓународни организации и асоцијации; и 
  • врши и други работи за потребите на Регулаторната комисија за енергетика.

СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

Секторот за правни работи за потребите на Регулаторната комисија за енергетика ги врши следните работи:

  • подготовка на сите прописи и други општи и посебни правни акти кои што ги донесува Регулаторната комисија;
  • изготвува правни мислења за потребите на Регулаторната комисија;
  • го следи законодавството на Република Македонија и ЕУ и ја известува Регулаторната комисија за потребата од изготвување на нови прописи во согласност со промените во законодавството и укажува на Регулаторна комисија за потребата од иницирање на постапка за промена на постојното законодавство на Република Македонија;
  • учествува во разрешување на спорови;
  • иницира и учествува во постапката за заштита и унапредување на правата на корисниците на енергијата и
  • врши и други работи за потребите на Регулаторната комисија.

СЕКТОР ЗА МОНИТОРИНГ НА ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАРИ

Секторот за мониторинг на енергетски пазари за потребите на Регулаторната комисија за енергетика ги врши следните работи:

  • го следи функционирањето на енергетските пазари;
  • го следи остварувањето на законски утврдените обврски на вршителите на регулираните енергетски дејности што се однесуваат на обезбедување на сигурност во снабдувањето со електрична енергија, природен гас и топлинска енергија;
  • го следи исполнувањето на основните начела на недискриминираност, транспарентност и објективност во функционирањето на енергетските пазари;
  • ја следи заштитата на правата на корисниците на енергија; 
  • го следи квалитетот на услугите на носителите на лиценци;
  • го следи исполнувањето на обврските по издадените лиценци; 
  • предлага отпочнување на постапка за одземање и суспендирање на лиценци;
  • соработува со надлежни државни органи, органи на единици на локална самоуправа, вршителите на енергетски дејности, корисниците на енергија и други организации и институции;
  • учествува во соодветни работни групи кои припаѓаат на регионални и меѓународни организации и асоцијации.

АДМИНИСТРАТИВНО - ТЕХНИЧКА СЛУЖБА

Административно-техничката служба ги врши сите работи кои се однесуваат на адмистративно-техничка подршка на работењето на Регулаторната комисијата и секторите.

Постојани и повремени работни групи

Во рамките на извршувањето на работите од делокругот на надлежностите на Регулаторната комисија се основаат постојани и повремени работни групи. Постојани работни групи се основаат за вршење на работи кои се однесуваат на:

  • Издавање на лиценци и следење на извршувањето на лиценците;
  • Цени и тарифи, како и
  • Учество во разрешување на спорови и предлагање на мерки за разрешување на споровите.

Повремени работни групи се основаат за вршење на работи од повремен карактер, а се однесуваат на:

  • Изготвување на прописи и правила од надлежност на Регулаторната комисија
  • Давање на мислење за одделни пршања 
  • Извршување на работи кои произлегуваат од меѓународните обврски
  • Изготвување на предлози за постапување по одделни специфични прашања од надлежност  на Регулаторната комисија.

Основањето на работните групи се врши со Решение на Регулаторната комисијата со кое се определуваат задачите и обемот на работата, составот и нејзиниот раководител. Со работата на работните групи раководи раководител кој е назначен од страна на Регулаторната комисија. За Раководител на повремените работни групи се определува еден од раководителите на секторите согласно сродноста на специфичната задача со работите кои се вршат во соодветниот сектор. За раководители на постојаните работни групи, по правило, се определува еден од раководителите на секторите, во зависност од задачата заради која е основана работната група и тоа:

  • Издавање на лиценци и следење на извршувањето на лиценците - раководителот на секторот за технични и енергетски работи;
  • Цени и тарифи - раководителот на секторот за економски работи; и 
  • Учество во разрешување на спорови и предлагање на мерки за разрешување на споровите - раководителот на секторот за правни работи.

Исто така, во составот на постојаните и повремените работни групи соодветно се назначуваат и извршители од пооделни сектори на Регулаторната комисија.