Претседател и членови

Согласно Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/11 и 136/11), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, согласно Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16, 53/16 и 189/16),  е составена од 7 члена, од кои еден е претседател.

Членовите и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на предлог на Владата на Република Македонија ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија, имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници.

За член на Регулаторната комисија за енергетика може да биде именувано лице државјанин на Република Македонија, кое има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на електротехниката, машинството, технологијата, градежно инженерство-хидро, економијата или правото.

Функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспоива со извршување на друга јавна функција или функција во политичка партија или работно место. На членот на Регулаторната комисија за енергетика му престанува јавната функција или функцијата во политичка партија по сила на закон на денот на неговото именување. Доколку членот на Регулаторната комисија за енергетика пред именувањето бил во работен однос, работниот однос му мирува.

Мандатот на секој член на Регулаторната комисија изнесува пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два мандата.

СЕГАШЕН СОСТАВ на Регулаторната комисија за енергетика:

Димитар Петров, дипломиран електротехнички инженер, Претседател и член на РКЕ;
Именуван за претседател на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-2694/1 од 15 јуни 2009 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/09 
и реизбран за претседател на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.08 - 5079/1 од 02.11.2015, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 190/15.

М-р Куштрим Рамадани, дипломиран машински инженер, Заменик претседател и член на РКЕ; Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-5245/1 од 24 декември  2012 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 166/2012.

Видан Кулевски, дипломиран електротехнички инженер, член на РКЕИменуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 4768/1 од 16 ноември 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 138/09 и реизбран за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.08 - 5079/1 од 02.11.2015, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 190/15.

Светлана Јаневска, дипломиран економист, член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1057/1 од 29.02.2008, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 32/08 и реизбрана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1067/1 од 19.02.2014, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 37/14.

М-р Елена Маркова-Велинова, дипломиран електротехнички инженер, член на РКЕ; 

Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 758/1 од 7 февруари 2011 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр.15/2011.

м-р Дејан Бошковски, дипломиран машински инженер, член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-4452/1 од 17 октомври 2016 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 190/16.

Енвер Ељмази, дипломиран правник, член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-4452/1 од 17 октомври 2016 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 190/16.

ПРЕТХОДЕН СОСТАВ на Регулаторната комисија за енергетика:

Славе Ивановски, дипломиран правник, Претседател и член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија од 23 јули 2003 година, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 50/03, е именуван за претседател на Регулаторната Комисија за енергетика.

М-р Радомир Цветковиќ, дипломиран инжинер технолог, член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија од 23 јули 2003 година, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 50/03, е именуван за член на Регулаторната Комисија за енергетика.

Мурат Рамадани, дипломиран економист, член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија од 23 јули 2003  година, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 50/03, е именуван за член на Регулаторната Комисија за енергетика.

Бранко Брајковски, дипломиран машински инженер, член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 3863/1, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 66/04, мандатот на Бранко Брајковски е продолжен за пет години.

Владко Гаврилов, дипломиран електро инженер, член на РКЕ;
Со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 3296/1 од 13.09.2005 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 77/2005, е именуван за член на Регулаторната Комисија за енергетика.

М-р Рухи Бакију - In Memoriam, дипломиран правик, Заменик претседател и член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.