Одлучување по спорови
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одлучува по:
  • спорови покренати од корисниците на системите или учесниците на пазарите против соодветните носители на лиценци во врска со вршењето на регулираните енергетски дејности (согласно член 4 од Законот за енергетика, службен весник на РМ бр.16/11 и 136/11);
  • споровите во врска со примената на пропишаните услови, методологии или тарифи за приклучување, пристап, урамнотежување и користење на соодветните системи или пазари и доделување на соодветните интерконективни капацитети, кога барањето за интерконективен капацитет е одбиено од оператор на преносен систем од Република Македонија;
  • спорови во врска со висината на оправданите надоместоци за трошоците настанати во постапката, кога до истата е поднесена жалба или барање за одлучување по спор.
Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија поведува постапка за одлучување по горенаведените спорови, кога до иститата е поднесена жалба. Жалбата може да се изјави во случаи, кога тоа е определено со Закон. Најчесто поднесените жалби се однесуваат на приклучување на дистрибутивните мрежи (електродистрибутивна, топлинска, природен гас), односно жалби во врска со приклучување на електродистрибутивната мрежа.
 
Постапката за одлучување по спорови се води и во случај кога странката до Регулаторна комисија за енергетика ќе достави барање за одлучување по горенаведените спорови.
 
За одлучување по споровите Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесува одлуки против кои незадоволната страна може да поднесе тужба пред надлежен суд.