Европски интеграции

Регулаторната комисија за енергетика со својата работа значајно придонесува во исполнувањето на преземените обврски во процесот на пристапување на Република Македонија кон Европската унија, преку учество во работната група за Поглавје 3.15 Енергетика, при што е надлежна за подготовка на делот за подрачјата 3.15.2 Внатрешен пазар на енергија и 3.15.4 Обновливи извори на енергија.

Во рамки на оваа група редовно се одржуваат состаноци со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за економија, се предвидуваат подзаконските акти кои се потребни да се донесат од областа на пазарот на енергија и се ажурира исполнувањето на преземените обврски за интеграција во Европската унија.