Oдбор на регулатори на енергетската заедница

Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board - ECRB), со седиште во Виена, Австрија, е координативна институција на националните регулатори на Енергетската заедница за развој на хармонизирани регулаторни правила, составена од претставници на регулаторните тела на земји-потписнички, како договорни страни.

Регулаторната комисија за енергетика, како полноправен член, дава значаен придонес во организацијата и начинот на функционирање на регионалниот и европскиот пазар на електрична енергија и природен гас преку активно учество во работата на ЕCRB и работните групи на ЕCRB за електрична енергија, природен гас и потрошувачи, потоа на Форумите за електрична енергија, природен гас и социјални прашања, како и на различни работилници за имплементација на законодавството на Европската унија за внатрешниот пазар на енергија.