Жалби против акти на РКЕ

Против поединечните акти на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија може да се поднесе жалба до Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката. Жалбата не го одлага извршувањето на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Комисијата за жалби е составена од три члена и нивни заменици. Членовите и претседателот, кој е еден од членовите, и нивните заменици, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија.
 
Комисијата за жалби одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови. При донесувањето на одлуките од Комисијата за жалби се иззема членот, односно неговиот заменик, кој има личен интерес во врска со одлуката по жалбата и се заменува со еден од замениците. Се смета дека членот, односно неговиот заменик, има личен интерес ако тој, неговиот брачен другар или лице во сродство од прва линија се акционери, односно содружници или вработени во друштвата, инволвирани во предметот по кој се води жалбената постапка.
 
Против одлуките на Комисијата за жалби, незадоволната страна во рок од 30 дена може да покрене управен спор пред Управен суд на Република Македонија.