Прашања и одговори
Кои се потребните предуслови за поседување на лиценца за вршење на регулирани енергетски дејности?
За вршење на регулирани енергетски дејности правните лица можат да се стекнат со лиценца ако се:
- домашни трговски друштва и јавни претпријатија регистрирани во Република Македонија;
- странски лица кои основале трговско друштво регистрирано во Република Македонија.

Колку е времетраењето на лиценцата за вршење на  енергетските дејности?
- Времетраењето на лиценцата го определува Регулаторната комисија за енергетика  во согласност со роковите определени со закон, а во зависност од видот на енергетската дејност, основните средства потребни за извршување на енергетската дејност, времетраењето на правото за користење на соодветниот енергетски ресурс, обврската за обезбедување на јавна услуга, како и барањето на вршителот на енергетската дејност.
- За енергетските дејности кои што се однесуваат за вршење на производство, пренос, дистрибуција на одделни видови енергија и енергенти како и управување со системи за пренос и дистрибуција на одделни видови енергија и енергенти, времетрањето на лиценцата може да биде од 3 до 35 години, додека за останатите енергетски дејности времетраењето на лиценцата може да биде од 3 до 10 години.