РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
AL
EN
Надоместок за издавање лиценца

За издавање, менување, продолжување и пренесување на лиценците за вршење на енергетски дејности како и за упис во регистарот, согласно член 6 од правилникот за лиценци, се плаќа еднократен надоместок во висина од 500 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата, освен кога менувањето на лиценцата се врши по службена должност. 

Носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва коишто вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија, имаат обврска за плаќање на годишен надоместок, согласно Законот за енергетика.
жиро сметка: 300000001735366
депонент: Комерцијална банка АД Скопје